„Црвената линија е признавање на независноста на Косово“

Дачиќ: Решение за Косово е само политички компромис, бидејќи другото е – војна

Претседателот на собранието на Србија Ивица Дачиќ изјави денес дека ни Србија нема полн суверенитет во Приштина, но и дека ни Приштина нема полн суверенитет на северот на Косово, а дека „војната е единствениот начин тоа да се смени“.

EPA-EFE

„За тоа да се смени, во една или во друга насока, за Белград да оствари полн суверенитет во Приштина, на пример, или за Приштина да има суверенитет над северот на Косово каде што живеат Срби кои не ја признаваат независната држава, тоа може да се случи само со војна. За да не дојде до војна, затоа единственото реално решение е мирно решение, политичко решение засновано на компромис“, кажа Дачиќ за Б92.

Но, според него, тој компромис не е прифатлив за „другата страна“ бидејќи „тие сметаат дека не мора тоа да го прават, бидејќи сметаат дека тоа некој „ќе им го подари на тацна“, како што со бомбите на НАТО им беше подарен дел од суверенитетот во дел од Косово“, изјави Дачиќ.

Како што наведе, постојат два пристапи во преговарачкиот процес: „Едниот пристап е дефетистички: „Сè е изгубено“, а другиот е нереалистичен, според кој „и понатаму Косово е дел од Србија како ништо да не се случило“.

На аргументацијата на Приштина дека претседателот на Србија Александар Вучиќ не понудил ниедно решение, Дачиќ кажа дека Србија нуди решенија, но дека тие не се прифатливи за Албанците, а не се прифатливи ни за „дел од меѓународната заедница“.

На прашањето што се „црвените линии“ кои Србија нема да ги помине, Дачиќ кажа дека Србија го знае тоа: „Таа црвена линија е признавање на независноста на Косово, тоа за нас не доаѓа предвид. Тоа што ние го кажуваме не е прифатливо за Приштина, а меѓународната заедница не сака да направи притисок врз Приштина за да се постигне компромис“, кажа претседателот на српскиот парламент.

Зборовите на претседателката на Косово Вјоса Османи дека поради пресудата на Меѓународниот суд на правдата „нема причина зошто која било држава би се колебала да ја признае независноста“ на Косово, Дачиќ кажа дека претставниците на Приштина се служат со „валкани трикови“.

„Тие им кажуваат на некои од меѓународната заедница: „Е, за ние да размислуваме за Заедницата на српски општини, ајде овие пет земји во Европската Унија да го признаат Косово“. Мене тоа ми го кажа министерот за надворешни работи на Словачка“, кажа Дачиќ и оцени дека „тука повеќе нема принципи и насекаде има двојни аршини“, но додаде дека Србија ќе ги почитува договорите.

„Сега трае мораториумот на сите наши лобирања, би требало да трае и мораториумот и на другата страна. Но добро, договорот за мораториумот истекува во септември, па ќе видиме. Ние сме спремни да продолжиме“, укажа Дачиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе