Шефот на српската дипломатија

Дачиќ: Разграничување е нашата официјална понуда до Приштина

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ кажа дека предлогот на Белград во преговорите со Приштина е разграничување. Тој додаде дека има и други идеи околу кои може да се постигне компромис.

Дачиќ на прашањето на новинарите дали официјалната позиција на Белград за решавање на косовското прашање е разговор за разграничување, кажа: „На таков начин да го решиме нашиот проблем, тоа е нашата официјална понуда“.

Истакна и дека евентуалната линија на разграничување сѐ уште не е напишана, ниту утврдена.

Дачиќ кажа дека трајно решение на тоа прашање би било во интерес на Белград и Приштина, на српскиот и албанскиот народ, но и стабилноста и просперитетот во регионот.

„Посветени сме на дијалогот со Приштина кој се води со посредство на ЕУ, како и на спроведувањето на договореното од Бриселскиот договор. Меѓутоа, Приштина продолжува да загрозува сѐ што со помош на ЕУ и другите меѓународни фактори е постигнато на планот на дијалогот и економското поврзување“, кажа шефот на српската дипломатија.

Тој истакна дека за продолжување на дијалогот неопходно е моментално укинување на одлуката на Приштина за воведување царини од 100 отсто на стоката со потекло од Србија и БиХ.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе