Дел од преговарачките поглавја со ЕУ

Дачиќ распиша референдум за промена на уставот на Србија

Претседателот на српското собрание Ивица Дачиќ распиша вечерва референдум за промена на уставот на Србија, кој ќе биде одржан на 16 јануари 2022 година.

EPA-EFE

Дачиќ ја потпиша Одлуката за распишување републички референдум за потврдување на Актот за промена на Уставот по седницата на српското собрание.

Пратениците претходно денес го усвоија Актот за промена на уставот на Србија, Уставниот закон за спроведување на Актот за промена на уставот и Одлуката за распишување републички референдум за потврдување на Актот за промена на уставот.

Со тоа се стекнаа условите претседателот на собранието на Србија Ивица Дачиќ да го распише референдумот за уставот за 16 јануари 2022 година, од 7 до 20 часот.

Како што пишува во одлуката за распишување на референдумот, граѓаните ќе се изјаснат за прашањето: „Дали сте за потврдување на Актот за промена на уставот на Република Србија?“

Кога станува збор за предложените промени на Уставот, тие се однесуваат на правосудството, односно како што истакна српската министерка за правда Маја Поповиќ „целта на промените на уставот е зголемување на правната безбедност на граѓаните“ бидејќи само независно судство и самостојно јавно обвинителство им гарантираат заштита на правата во судските постапки.

„Промените на уставот се предвидени како активност од акцискиот план за преговарачкото поглавје 23. Реформите во областа на правосудството се услов за понатамошна реформа на правниот систем и најзначајната реформа во областа на владеењето на правото која претставува основна вредност на секое демократско општество и еден од приоритетите на Европската Унија“, кажа Поповиќ.

Министерката објасни дека политиката се исклучува од изборот на судии и обвинители и дека судиите повеќе нема да ги бира собранието, туку Високиот совет на судството. Уставните промени се однесуваат и на постојаноста на судската функција, на враќање на називот Врховен суд и јакнење на функцијата на обвинителите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе