„Што би славеле Србите таму?“

Дачиќ: Присуството на Милошевиќ на прославата на Олуја не му беше потребно на српскиот народ, туку на Хрватска

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека е погрешна одлуката претставникот на Србите во Хрватска Борис Милошевиќ да отиде на одбележувањето на годишнината на акцијата Олуја во Книн, и оцени дека тој чин не му бил потребен на српскиот народ, туку на Хрватска.

EPA-EFE

Во емисијата на РТС за годишнината од Олуја наречена „Четврт век од прогонот на векот“, Дачиќ кажа дека таквата одлука „не смеела да биде донесена, имајќи предвид што мислат Србите во Србија, Република Српска и Црна Гора, а и повеќето Срби во Хрватска“.

„Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ кажа денес дека тоа е „прослава, а не комеморација“, мислам дека е потребно да се размисли за прашањата кои се однесуваат на српскиот народ во целост, бидејќи тука не станува збор за приватни ставови. Што би славеле Србите таму?“, праша Дачиќ.

Тој додаде дека на Србите не им било местото на денешниот собир во Книн, бидејќи Хрватите, како што кажа, „ниту кажале, ниту ќе кажат дека Олуја беше етничко чистење“, ниту го измениле речникот за војната во Хрватска во 90-тите години.

„Олуја е етничко чистење, ни се јавуваат претставници на наши пријателски земји кои со години сме ги убедувале да не одат на прославата на Олуја и нѐ прашуваат како сега да не одат кога Срби одат“, кажа шефот на дипломатијата на Србија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе