„Тоа и тие самите го знаат“

Дачиќ: Приштина ќе изгуби ако дојде до гласање за прием во Интерпол

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека е сигурен дека Приштина ќе изгуби доколку на Генералното собрание на Интерпол во Чиле дојде до гласање за прием на Косово во таа организација. „Тоа го знаат сите, дури и тие“, кажа Дачиќ за Политика.

Седницата на Генералното собрание на Интерпол почнува во вторник, на 15 октомври, во 11 часот, а на третиот ден од заседанието, во четврток 17 октомври, на дневниот ред ќе биде барањето на Приштина за прием во таа организација.

Според Политика, ако дојде до гласање и оваа година тоа ќе се одвива во два круга, но српските претставници се надеваат дека нема да има пауза, за да се спречи дополнителен притисок врз земјите членки.

Ова ќе биде четврти пат Интерпол да одлучува за барањето на Приштина. За влез во оваа организација потребна е поддршка од две третини од земјите членки.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе