„Потребни му се српските гласови“

Дачиќ: Предлогот за заемно признавање на Србија и Косово е автогол и голем минус за Трамп

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ оцени вечерва дека предлог документот кој САД денес ѝ го понудиле на Србија на преговорите со Приштина во Белата куќа претставува „голем минус“ за американскиот претседател Доналд Трамп.

EPA-EFE

Дачиќ за српската телевизија Пинк изјави дека документот со 16 точки, во чија точка 10 Србија и Косово се обврзуваат на заемно признавање, за Трамп претставува внатрешнополитички потег кој треба да му помогне во кампањата пред претседателските избори во САД на 3 ноември.

„Тој предлог (со заемного признавање) е автогол на Трамп. Ако некој го советувал или некој тоа го направил без негово знаење, мислам дека ова е негов голем минус во кампањата. Што Трамп добива со надворешнополитички договор кој е на штета на Србија?“, праша Дачиќ.

Оцени дека на Трамп на изборите „му се потребни српските гласови“, додека Албанците во САД гласаат за кандидатот на опозициските демократи Џозеф Бајден.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе