„Потребен е договор“

Дачиќ: Празни се приказните дека сѐ е готово околу Косово

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денес околу тврдењата дека во Приштина се разгледува демаркација со Србија, кажа дека тоа не може да се прави еднострано, туку дека е потребен договор.

„Нема дилеми дека сакаме постигнување компромисно решение. Дијалогот ќе продолжи во септември“, кажа Дачиќ на прес-конференција.

„Каква демаркација, добро знаете дека постои административна линија која речиси 20 години ја контролира КФОР“, кажа Дачиќ.

Тој додаде дека ако косовските функционети мислат дека компромисно решение е припојување на Прешево, Бујановац и Медвеѓа на Косово, тие воопшто не ја разбираат ситуацијата во која се наоѓаат.

Околу тврдењата дека сѐ е готово и завршено во врска со Косово, Дачиќ кажа дека тоа се „празни приказни“.

„Го сакаме најмалку лошото решение за сите“, кажа шефот на српската дипломатија.

На прашањето на новинарите за евентуален референдум за Косово, Дачиќ кажа: „Далеку отидовте“.

„Се наоѓаме на крајот на ова преговарачко поглавје и во потрага сме по креативно решение, како што би кажала американската администрација“, кажа српскиот министер.

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе

А кои се играчите на игрите на среќа? Во огромен број тоа се токму оние лица со просечни примања и пензионери

повеќе