Кажа дека Белград нема територијални ни политички претензии кон Подгорица

Дачиќ: Овозможувањето двојно државјанство не претставува опасност

Претседателот на српското собрание Ивица Дачиќ кажа дека овозможување на поседувањето двојно државјанство на Србија и Црна Гора не претставува опасност, имајќи предвид дека Белград кон Подгорица нема ни територијални ни политички претензии.

EPA-EFE

Тој гостувајќи на телевизија Пинк изјави дека во Црна Гора народот во кризните периоди секогаш се делел на страна која ја поддржува Србија и онаа која е против неа.

Во повеќе црногорски градови се одржуваат протести поради предлогот за попис со кој ќе се олесни стекнувањето црногорско државјанство, но ќе им се одземе жителството на дел од црногорските иселеници.

„Се сеќавате дека јас пред 13 години водев разговори за тоа прашање, ни на сите им даваме право на двојно државјанство, без потреба од отфрлање на матичното државјанство. Меѓутоа, Црна Гора тоа никогаш не го дозволувала, но неа на луѓето им ги одземаа државјанствата ако се докаже дека имаат и српско. Тие сметаа дека (тие луѓе) нема да гласаат за нив“, кажа Дачиќ.

Тој наведе и дека бил обвинет за „пребројување крвни зрнца“ кога во претходните години, како шеф на српската дипломатија, јавно зборувал дека треба да се применат некои мерки на реципроцитет кон државјаните на Црна Гора.

Дачиќ оцени и дека суштината на актуелните превирања е да се избегне проблемот на „опстанокот“ на власта во Подгорица.

„Нашата цел е да воспоставиме што подобри односи и да си помогнеме едни на други“, кажа Дачиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе