Од утринава затворена грчката граница за Србите

Дачиќ: Непријатна е одлуката на грчките власти привремено да ја затворат границата за српските туристи

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денес изјави дека Грција од утринава привремено ги затвори границите за српските туристи поради епидемиолошката ситуација во Србија, како и поради тоа што се појавиле случаи на заразени српски туристи со коронавирусот во Грција.

EPA-EFE

Тој за РТС оцени дека одлуката на грчките власти е „непријатна“ и дека ситуацијата е „далеку од нормална“.

„Вчера наутро од кабинетот на премиерот на Грција Киријакос Мицотакис беше информирана амбасадата на Србија дека привремено ќе го ограничи слободниот влез за туристите“, кажа Дачиќ.

Грчките власти одлуката ја донеле, како што кажа, поради „епидемиолошката ситуација во регионот и Србија, и поради тоа што се одразува на здравствената состојба на туристите, бидејќи се појавиле случаи во Грција да има српски туристи заразени со вирусот“.

Ќе останат можни „неопходните патувања“, како што наведе, односно патувањата со специјални причини, за кои ќе биде потребна посебна дозвола.

Дачиќ потсети дека ЕУ им препорача на своите членки Србија да ја стават на листата на земји чии граѓани ќе можат слободно да патуваат.

Српскиот министер истакна дека „претстои разговор со сите членки на ЕУ поединечно бидејќи многу членки не ја признаваат таа одлука“.

Дачиќ потсети дека Грција беше меѓу земјите што отворено се залагаа граѓаните на Србија да добијат зелено светло и таа ги отвори границите.

„Одлуката од страна на Грција ќе биде периодично разгледувана. При следното разгледување, се надеваме, ќе бидат земени предвид некои други факти. Очигледно е дека Грција има интерес да доаѓаат странските туристи, а најголемиот број туристи доаѓаат токму од Србија“, кажа Дачиќ.

На прашањето што ќе се случи со туристите што уплатиле летување во Грција, Дачиќ кажа дека „дипломатијата не може да го решава односот на граѓаните и туристичките агенции“.

Дачиќ кажа и дека е најбезбедно за сите летото да го поминат дома, во Србија, и апелираше до граѓаните да се придржуваат до мерките бидејќи епидемијата во моментов не е во надолна фаза.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе