Кажа дека не станува збор за реципрочни мерки

Дачиќ: Нека остане мерката за забрана за летови од Црна Гора цела година, нашите да се опаметат

Одлуката на Директоратот за цивилно воздухопловство на Србија, со која се забранува слетување на авионите на Монтенегро ерлајнс на белградскиот аеродром Никола Тесла, нема врска со надворешната политика, кажа српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

EPA-EFE

Тој кажа дека тоа не се реципрочни мерки на одлуката на Црна Гора да не ја отвори границата за Србија, туку дека реципрочни мерки би биле кога Србија би забранила влез за граѓаните на Црна Гора на своја територија.

„Што се однесува до мене, нека остане оваа мерка за Црна Гора за цела година, малку нашите да се опаметат. Оној што ве сака, тој сигурно ќе ги отвори границите. Среќен ви пат, само не ги чепкајте Србите“, кажа Дачиќ.

Тој наведе дека за Србија се најважни положбата и правата на српскиот народ во Црна Гора и дека сега клучното прашање е дали двата народи меѓусебно ќе се судираат, или ќе соработуваат и ќе „бидат браќа како што секогаш биле“.

Коментирајќи ја најавата на црногорскиот премиер Душко Марковиќ дека границите на Црна Гора во првите денови на јуни ќе се отворат за повеќе земји, меѓу кои не е Србија, Дачиќ кажа дека на решавање на тоа прашање треба да се пристапи рационално, без емоции.

„Тоа дали Србија и Црна Гора да живеат во една држава или повеќе држави е целосно споредно прашање, клучно е дали Србите и Црногорците меѓусебно ќе соработуваат, нѐ интересираат правата на српскиот народ“, кажа Дачиќ.

Според него, Црна Гора ѝ го нанела најголемиот удар на Србија со тоа што не ја отворила границата.

Дачиќ кажа дека смета дека годинава ќе има помалку српски туристи во Црна Гора.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе