Шефот на српската дипломатија

Дачиќ: Можат САД да бараат колку сакаат, нема промена на Резолуцијата 1244 на ОН

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ кажа дека САД ја смениле политиката кон дијалогот Белград-Приштина, но дека не се очкува да го повлечат признавањето.

Дачиќ кажа дека не е сѐ „црно-бело“ и дека најважно е што на Србија ѝ се отвораат вратите за дијалог.

„Нема тие да ја сменат политиката во однос на признавањето на Косово, но не е сѐ црно-бело. Јас не очекувам дека вака ќе заврши што се однесува на војската на Косово. Најважно е што нам ни се отвораат вратите за дјалог. Затоа што пред неколку месеци САД имаа став дека нема за што да се разговара“, кажа Дачиќ околу новите обиди на Приштина да се оформи војска на Косово.

Дачиќ се осврна и на писмото на поранешната амбасадорка на САД Ники Хејли во ОН до генералниот секретар Антонио Гутереш за повлекување на УНМИК од Косово.

„Може Америка да бара колку сака, нема промени на резолуцијата 1244 сѐ додека не се согласи Советот за безбедност. Бидејќи нема согласност, тоа нема ни да се случи. Нема да се случи УНМИК да си замине од Косово и Метохија. Тоа единствено може да се случи доколку Русија и Кина го поддржат, а тоа е научна фантастика“, кажа шефот на српската дипломатија.

Дачиќ истакна и дека големите сили го поддржуваат договорот до кој треба да дојдат Белград и Приштина, а по посетата на Виена кажа и дека Австрија нема да гласа за Косово да влезе во Интерпол, како ни за визна либерализација со ЕУ.

Тој додаде дека Србија ја чека тешка борба и дека се бори и против американската поддршка на Приштина за прием во Интерпол и наведе дека е сигурен дека Косово нема да влезе во Интерпол.

Според него, лага е дека Косово сега не соработува со Интерпол, бидејќи не е членка, бидејќи како што објасни, на Косово се наоѓа мировната мисија на ОН, која има договор со Интерпол, па така Интерпол соработува со Косово преку ОН.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе