Шефот на српската дипломатија

Дачиќ: Косовските власти подготвуваат напад

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ на вчерашната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово кажа дека постојат разузнавачки сознанија дека Приштина планиеа да спроведе еднострани акции, за да може да поттикне дестабилизација на северот на Ксоово, мнозински населен со Срби.

Дачиќ за Гласот на Америка по седницата на Советот за безбедност вчера кажа дека една од тие акции била и неодамнешната „неводно полициска, во која беа употребени над 70 борбени возила и применета сила“ против оние кои беа приведувани.

Следната цел на приштина, како што тврди Дачиќ, би можелд а биде напад врз рударско-металуршкиот комбинат Трепча, односно, според него, „освојувањето на Трепча“.

„Една од целите би можела да биде и подметнување разни експлозивни направи низ северот на Косово и Метохија. Постојат такви сознаниј и ние тоа им го кажавме на западните партнери и тие тоа го знаат“, наведе Дачиќ.

Шефот на српската дипломатија ги предупреди во својот говор пред Советот за безбедност на ОН и дека, според сознанијата на Белград, косовските власти подготвуваат напад врз Северот на Косово и праша дали ОН ќе ги заштитат Србите или не, повикувајќи ги функционерите на ОН сериозно да го сфатат неговото предупредување.

Дачиќ потоа во интервјуто за Гласот на Америка кажа дека тоа е голем предизвик и дека затоа го предупредил КФОР, бидејќи задачата им е да ги „штитат сите граѓани, без оглед дали се Срби или Албанци“, да спречат напад врз северот на Косово.

„Доколку КФОР тоа не го направи, доаѓаме во голем ризик од дестабилизирање на целиот регион“, наведе Дачиќ, истакнувајќи дека на седницата на Советот за безбедност тоа било примено со голем интерес и внимание.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе