„Од октомври посериозен дијалог“

Дачиќ: Или проширување на ЕУ или процес на бавно умирање

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ оцени дека процесот на проширување е лековит за Европската Унија, бидејќи, според него, или ќе се продолжи процесот на проширување или ќе дојде до процес на бавно умирање на ЕУ.

По повод изјавата на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер дека до крајот на мандатот на актуелната Европска комисија во 2019 година нема да бидат исплонети условите за влез на некоја од земјите на Западниот Балкан во членството на ЕУ, Дачиќ кажа дека „тоа не е ништо поразлично во однос на претходните изјави“ и дека може да се каже дека Јункер бил нешто побчаг од претходно во однос на проширувањето.

„Проширувањето на ЕУ е лековит процес за опстанокот на Унијата“, кажа Дачиќ за Радио телевизија Србија.

Тој истакна дека во октомври ќе почне посериозен дијалог околу поглавјето 31 – надворешната, безбедносната и одбранбената политика, кога во Србија пристигнува делегација на Европската комисија за надворешни работи, предводена од високата претставничка Федерика Могерини.

Дачиќ додаде дека Србија до влегувањето во ЕУ има рок да ги хармонизира надворешната и одбранбената политика.

Изрази надеж дека до тогаш ќе заврши конфликтот на Русија и САД, бидејќи кога „слоновите се караат, обично тревата страда“.

„Ако до нашето влегување во ЕУ, за кое не знаеме кога ќе биде, не заврши конфликтот со Русија, тогаш ќе имаме голем проблем, па и самата Европска Унија. Затоа кажав дека ние треба да ги гледаме сопствените интереси“, кажа Дачиќ.

Тоа е нашата политичка наивност- да се верува дека правото е семоќно орудие во разрешавањето на сите проблеми. А каде е моралната, политичката, социјалната, психолошката страна на проблемите? 

повеќе

Премолчувањето на јавнот интерес во законските решенијазначи изостувањето на клучниот критериум за оправданоста на концесиите на добрата од општ интерес.

повеќе

Фатени на дело во многу  кражби, сите праведни граѓани на оваа земја беа убедени дека на арамиите ќе им се суди по примерот на Жан - по кратка  постапка.

повеќе