Српскиот министер за надворешни работи

Дачиќ: Гана го повлече признавањето на Косово

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ утрово за ТВ Прва изјави дека Гана го повлекла признавањето на независноста на Косово.

Гана е 16-та земја што го повлекла признавањето на Косово од јануари 2012 година.

Дачиќ рече дека изминатиов викенд пристигнала нота од Министерството за надворешни работи на Гана во која се наведува дека земјата го повлекува признавањето на Косово.

„Тоа е најголемата земја досега што го сторила тоа, со население од 30 милиони, три пати поголема од Србија. Гана ѝ беше традиционален пријател и на Југославија“, рече Дачиќ.

Тој додаде дека до крајот на годинава очекува уште повеќе повлекувања на признавањето на поранешната српска покраина како посебна држава.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе