Српскиот вицепремиер

Дачиќ до Приштина: Откажете се од пишување, одамна сте прочитани

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ го коментираше најновиот потег на Приштина, односно обраќањето на шефот на косовскиот парламент Кадри Весељи до американскиот Конгрес и најавата дека истото писмо ќе им го испрати на сите „пријателски земји“, како и на Европскиот парламент. Во писмото, тој им предлага на САД со усвојување резолуција да овозможат „формално признавање на историската неправда“ со тоа што би ги осудиле наводните злосторства против човештвото на Косово за време на конфликтот во 1998 и 1999 година.

„Со ова пишување писма на Весељи и неговите партнери во Приштина уште еднаш покажаа елементарна политичка и дипломатска неписменост. Бараат да се осудат наводни злосторства на Србија во минатото додека сѐ уште трае теророт над Србите на Косово и Метохија!? Нашите сонародници ги апсат за да им го грабнат имотот, ги исфрлаат од министерските места за тоа што ја кажуваат вистината, а со царините од 100 отсто на српската стока го изгладнуваат целиот наш народ!“, кажа Дачиќ за Новости.

Тој наведе дека Весељи тоа не го спомнува, но дека јасно се гледа стравот на сите во Приштина поради поднесувањето обвиненија против терористите на УЧК. Тој укажа на „уште еден пропуст“ на приштинскиот парламент.

„Весељи не ги спомнува ни критиките кои им ги упатија баш некои од тие пријателски земји на кои се повикува, затоа што со нивни пари ги плаќаат лажните воени ветерани. И тоа со ова едно писмо не може да се маскира. Затоа, Весељи и останатите, баталете пишувањето бидејќи сите одамна ве прочитаа. Укинете ги царините, па да пробаме со дијалог да дојдеме до решение“, кажа српскиот министер за надворешни работи.

Според пишувањата на косовски медиуми на албански јазик, врз основа на докази кои ги има Специјалниот суд за воените злосторства на припадници на УЧК, ќе бидат поднесени и првите обвиненија против косовскиот претседател Хашим Тачи и претседателот на косовскиот парламент Кадри Весељи, и тоа за убиства на Албанци по воените судири на Косово во 1999.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе