Дачиќ: Ако Бошњаците и Хрватите во БиХ се за независно Косово, како ќе ја спречат независноста на Република Српска

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека претставниците на Бошњаците и Хрватите во БиХ работат директно против своите интереси со гласањето за независноста на Косово.

EPA-EFE

Според него, со тоа исчезнуваат аргументите против независноста на Република Српска.

„Тие директно работат против себе, со тоа што сакаат да го признаат Косово, тие го губат секој аргумент со кој некој би можел да го оспори правото на Република Српска на независност“, кажа Дачиќ.

Дачиќ кажа дека Косово беше покраина во Србија и дека Бадентеровата меѓународна комисија „јасно кажа дека Југославија ќе се распадне по републичките граници и не ги спомнуваше покраините“.

„Ако вие сега издвојувате една покраина, врз основа на што ќе забраните еден ентитет на БиХ да прогласи своја независност“, праша Дачиќ.

Тој истакна дека претходното раководство на Србија, на чело со Војислав Коштуница и Борис Тадиќ, „направило грешка“ бидејќи прогласувањето на независноста на Косово не го поврзало со независноста на Република Српска.

„Ние тогаш кршевме киосци и палевме амбасади, а единственото што всушност им го кажавме (на западните земји) е дека можат да прават што сакаат. Единственото што би можело да ја загрижи меѓународната заедница би можело да биде поврзувањето на тоа прашање (независноста на Косово) со Република Српска“, наведе Дачиќ.

Бошњачкиот и хрватскиот член на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ, гласаа во четвртокот таа држава да ја признае независноста на Косово, додека српскиот член Милорад Додик беше против.

Дачиќ кажа дека гласањето за независноста на Косово следеше откако министерката за надворешни работи на Косово Мелиза Харадинај на 8 септември ѝ испратила на министерката за надворешни работи на БиХ писмо во кое ја повикала таа земја да ја признае независноста на Косово.

„Таа (Харадинај) во писмото вели дека договорот од Вашингтон овозможува меѓусебно признавање на Израел и Косово и срдечно ја моли владата на БиХ да го разгледа признавањето на Косово“, наведе Дачиќ.

Додаде дека Приштина на тој начин го злоупотребува договорот од Вашингтон.

„Тие веројатно вакви писма испратиле и на многу други земји. Овој повик до БиХ е секако злоупотреба на договорот од Вашингтон. Србија треба да престане да лобира против независноста на Косово, а тие вака ќе повикуваат други земји и да претставуваат дека дел од договорот други земји да го признаат Косово“, кажа Дачиќ.

Додаде дека „не верува“ дека прашањето на независноста на Косово е ставено на дневниот ред на Претседателството на БиХ врз основа на тој повик, туку оцени дека „тоа е дел од една друга политика, заснована врз Исламската декларација на Алија Изетбеговиќ“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе