„Да клекнат на колена“: Трамп ги повика Њујорк тајмс да се извинат по известувањето за руското мешање

Претседателот Доналд Трамп им се нафрли на Њујорк тајмс поради наводните „лажни" известувања и го повика весникот „да клекне на колена" и да молат да им прости, велејќи дека се „Непријател на народот!"

Трамп на Твитер напиша дека новинарот Пол Кругман од „лажниот весник Њујорк тајмс“ го изгубил целиот кредибилитет поради неговото „лажно и многу неточно“ известување за него.

„Опседнат е со омраза“, напиша на Твитер.

Кругман го разгневи Трамп тврдејќи дека неговата кампања го „прегрна" наводното руско мешање на претседателските избори во 2016 година и цитирајќи го извештајот на Малер рече дека „штом дојде на власт Трамп се обиде да го блокира секое испитување за она што се случило".

Претседателот продолжи да размислува дали Њујорк тајмс ќе му се извинат, и напиша: „Овој пат ќе треба да клекнат на колена и да побараат прошка - тие се вистински Непријател на народот!“

Весникот објави писмо од издавачот и извршниот уредник во пресрет на претседателските избори во 2016 година, велејќи дека ја потцениле поддршката за Трамп во текот на кампањата, додавајќи дека нејзиниот персонал „ќе се пренасочи кон основната мисија на новинарството. Тоа е чесно да известуваат за Америка и светот, без страв или преференции“. Некои, вклучувајќи го и Трамп, писмото го толкуваа како своевидно извинување за целокупното известување за изборите.

Кругман на твитовите на Трамп одговори со едноставно: „Некој слуша!“

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе