Хирург во болница во Падова

Д-р Сршен: Коронавирусот ослабе и ја загуби вирулентноста, веројатно ќе стане обична настинка

Нела Сршен, хирург во болницата „Азиенда оспедалиера универзита“ во италијанска Падова, утрово рече дека коронавирусот веќе ја загубил својата вирулентност.

„Сите очекувавме дека по укинувањето на карантинот инциденцата на позитивни случаи од заразените пациенти ќе биде доста голема. Напротив, од ден на ден гледаме дека бројот на заразените се намалува“, рече Сршен преку Скајп за емисијата „Добро утро, Хрватска“.

Таа додаде дека е позитивно и тоа што дури и оние заразени на кои им е потребна хоспитализација не завршуваат на респиратори и не се толку критични. Таа објасни дека ова може да значи дека вирусот ја изгубил вирулентноста и дека на некој начин ослабел.

Провинцијата Венето, каде што дневно имаше и по 1.000 заразени и 500 мртви, вчера имаше многу малку позитивни случаи. Ова е мошне охрабрувачка вест, додаде Сршен.

Таа зборуваше за „новата нормала“ во Падова и откри дека болницата се враќа во секојдневната рутина.

„По овие два месеци, без оглед на циркулацијата на луѓето, инфекцијата се намалува, бројот на посериозни клинички пациенти се намалува, што е многу позитивен показател“, рече таа.

Таа објасни дека вирусот може да стане, како и некои вируси пред него, дел од нас и нашите животи - обичен респираторен вирус што предизвикува настинки.

„Овој вирус, за да преживее, ќе мора на некој начин да се приспособи, што значи да не го убива домаќинот, човекот, туку да се приспособи, да биде помалку вирулентен и да се појавува сезонски како и сите други коронавируси“, рече Сршен.

За шпекулациите за потенцијален втор бран, лекарката-хирург смета дека тие лошо влијаат врз луѓето затоа што се знае што сè се претрпе, па затоа тоа има многу штетно и негативно влијание врз човечката психа.

Таа рече дека сè уште не знаеме од каде потекнува вирусот, од каде дошле мутациите, а колку и да има заразени, клиничката слика не е толку изразена и критична како пред месец-два.

„Вирулентноста се намалува, дури и ако дојде втор бран, претпоставувам дека може да биде многу лежерен, може дури и да не се почувствува, да биде како и другите сезонски вируси, кои во доцна есен или зима можат да предизвикаат респираторни, благи проблеми и да станат вирус на настинка“, рече таа.

За вториот бран таа рече дека подразбира економска и психолошка криза како последица на ова искуство.

„Зборуваме за нешто што не го познаваме и упорно зборуваме дека ќе има втор бран. Мислам дека и наша должност, на лекарите и на сите оние што се занимаваат и пренесуваат какви било информации, е да им кажуваме на луѓето и да не инсистираме на тоа дека ќе има втор бран. Можеби, можно е, но тоа не значи дека ќе има втор бран како што беше првиот. Прво затоа што горе-долу го запознавме, можеби знаеме како се однесува. Второ, кој вели дека ќе биде исто толку вирулентен“, рече Сршен.

Таа смета дека тоа ќе биде еден од вирусите што предизвикуваат настинки.

„Грешам ли во тоа? Не знам, искуството ќе ни покаже“, истакна таа.

Истата теза пред две недели ја кажа и угледната српска лекарка-виролог д-р Ана Глигиќ, која уште тогаш рече дека епидемијата е завршена.

„Сега е готово. Ќе има само џебови. Вирусот доволно ослабе“, рече Глигиќ. „Јас не очекувам втор бран, можам вака смело да кажам. Затоа што сепак е создаден еден колективен имунитет, второ, народот се научи да се пази, ќе имаме само џебови и поединечни случаи, ова ќе се смири. Ова веќе е крај... Вирусот ослабе. Вирусот ослабе до таа мера што над 50 отсто од тие што и го добиле вирусот нема ни да се јават на лекар.“

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе