„Пекол на земјата“

Црвениот крст бара пристап за лекување на повредените во енклавата во Сирија

Црвениот крст во средата побара пристап до енклавата држана од бунтовниците во близина на Дамаск, каде што сириските авиони четири дена бомбардираат при што загинаа повеќе од 300 цивили, а од нив најмалку 72 деца, пренесе АФП.

Шефот на Обединетите нации Антонио Гутереш ја опиша смртта и уништувањето што од неделата ја зафати источната Гута како „пекол на земјата“, а Франција побара итно примирје.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) рече дека ситуацијата е толку ужасна што треба на нејзините тимови да им се дозволи пристап до Источна Гута за да им помогнат на тамошните лекари и медицински сестри.

„Борбите ќе предизвикаат многу повеќе страдања во деновите и неделите што следат и на нашите тимови треба да им биде дозволено да влезат во Источна Гута за да им помогнат на повредените“, рече Мариан Гасер шеф на делегацијата на МКЦК во Сирија.

Сириските воени авиони овој месец ги интензивираа своите напади во областа, која се наоѓа источно од Дамаск и е дом на околу 400.000 цивили.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе