Црногорските медиуми: Србите на границата ни запленија три респиратори

Три од петте респиратори кои црногорскиот Фонд за здравствено осигурување ги нарачал од претставник на шведски произведувач, со седиште во Белград, Србија ги задржала на границата со Црна Гора и потоа ги запленила, јавува подгоричкиот портал Вијести.

Како што за весникот потврдил директорот на Фондот за здравствено осигурување Сеад Чиргиќ, таа установа, задолжена за набавка на медицинска опрема и материјал за потребите на црногорскиот здравствен систем, потпишала договор со добавувачот за купување пет апарати, а претходно биле испорачани два.

„Што се однесува до респираторите, не можеме да сметаме на нив бидејќи ги заплени Република Србија. Апаратите се нарачани од претставник на шведски произведувач на респиратори, со седиште во Србија. Но бидејќи за тој вид опрема е воведена забрана, испораката не е можна“, изјави Чиргиќ.

На прашањето на Вијести за заплената на респираторите не одговориле српското дипломатско претставништво во Подгорица ни црногорската амбасада во Белград.

Европската Унија донирала итна помош за Црна Гора во вредност од три милиони евра, наменета за здравствениот систем на таа земја, наменувајќи дополнителни 50 милиони за долгорочна програма за помош во согласност со потребите, а главно за здравството, економијата и претприемачите, објави на Твитер шефот на делегацијата на ЕУ во Подгорица Аиво Орав.

Коментирајќи ја информацијата за помошта од Брисел, црногорскиот премиер Душко Марковиќ ѝ изрази благодарност на Унијата за поддршката на Црна Гора во борбата против коронавирусот истакнувајќи дека се „европските вредности и солидарност на дело“, додека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ кажа дека „ЕУ покажува дека е со западниот Балкан и во тешките времиња“.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе