Црногорскиот вицепремиер: Однесувањето на Србија кон Црна Гора е неприфатливо

Потпретседателот на владата на Црна Гора Дритан Абазовиќ изјави дека не е задоволен од начинот на кој Србија се однесува кон неговата земја и оцени дека е време за ресетирање на односите на Белград и Подгорица.

EPA-EFE

„Не сум задоволен од изјавите кои функционерите на Србија ги даваат за Црна Гора, тоа не придонесува кон намалување на тензиите“, кажа Абазовиќ во Сараево, каде беше во официјална посета.

Специјалниот претставник на Стејт департментот за Западниот Балкан Метју Палмер претходно неделава изјави дека Вашингтон има докази за надворешно мешање во внатрешните работи на Црна Гора при што сугерираше дека тоа се однесува главно на Србија и Русија.

Коментирајќи ја таа изјава Абазовиќ потврди дека за тоа лично разговарал со Палмер и дека тоа се политички оценки кои имаат основа.

Влијанието на другите држави во регионот никој не може да го занемари во современиот глобализиран свет, додаде црногорскиот вицепремиер.

На директното прашање дали Србија се меша во внатрешните прашања на Црна Гора Абазовиќ одговори со констатација дека односите на двете земји се влошени од случувањата во изминатите месец и пол, колку што трае кризата на власта во неговата земја предизвикана од притисоците на опозицијата предводена од претседателот Мило Ѓукановиќ.

„Не е добро тоа да продолжи“, кажа Абазовиќ.

Време е Белград и Подгорица во директен и отворен дијалог да ги решат постоечките проблеми, односно да ги ресетираат заемните односи, кажа тој.

Црна Гора мора да најде начин да ги заштити своите национални интереси, а тоа може да го направи пред сè со јакнење на своите институции, смета Абазовиќ.

Тој му префрли на Ѓукановиќ дека не успеал да го направи тоа бидејќи дозволил ширење на корупцијата и воспоставил „приватна држава“.

Истакна и дека резолуцијата со која парламентот на Црна Гора го осуди геноцидот во Сребреница не е непријателски чин кон кого било.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе