Зборувајќи за својата изјава дека претседателот на Црна Гора Ѓукановиќ и неговиот српски колега Александар Вучиќ почесто се сретнувале отколку тој со својот кум, Кривокапиќ истакна дека поради тоа доживеал медиумски линч.
„Нормално дека зборував за нивните јавни средби, кои не ги следеа односите на Црна Гора и Србија и тоа ќе мора да се менува. Колку што успеав да следам од медиумите, Вучиќ никогаш не зборувал за Ѓукановиќ, кого го познавал толку години, онака како што зборува за мене, а со мене не прозборел ни збор“, истакна новиот црногорски премиер.
На прашањето околу борбата против корупцијата и криминалот, која е најавена како приоритет на новата владата на Црна Гора и Мило Ѓукановиќ, Кривокапиќ кажа дека Ѓукановиќ ќе биде процесиран по закон „ако се најде во материјалите до кои порано или подоцна ќе се дојде“.
„Намерата на оваа влада не е реваншизам ниту лов на луѓе. Нашата цел е правна држава во која сите ќе бидат еднакви пред законот и за кои ќе важат законите“, истакна тој.