Иако програмата за економско државјанство завршува

Црногорскиот пасош се нуди на саем во Дубаи

Консултантски фирми го нудат црногорскиот пасош преку кампањата „Со инвестиции до државјанство“ на саемот за миграции и можности за дополнително државјанство (ГНИЦЕ) кој почна денес во Дубаи.

EPA-EFE

Во хотелот Краун плаза во Дубаи учесниците и посетителите ќе можат да дознаат за можностите за миграција и дополнително државјанство.

Саемот се одржува од 18 до 20 ноември.

Станува збор за тридневен настан кој ги собира сите заинтересирани страни – вклучувајќи ги консултантите за емиграција, експерти за индустрии и портпароли на водечките држави кои нудат програми за државјанства и престој преку инвестиции – сето тоа на една платформа, пренесува РТЦГ.

Владата на Црна Гора реши да ја укине програмата за економско државјанство која истекува на 31 декември оваа година.

Соопштија дека, имајќи ги предвид резервите на Европската Комисија кон ова прашање поради можното отежнување на патот на Црна Гора кон ЕУ, владата смета дека не треба да се продолжува програмата по истекот на неговото тригодишно траење на 31 декември.

Ставот на Европската комисија за доделување економско државјанство е дека на тој начин се кршат правните норми на ЕУ, и во тој контекст е истакната потребата за постепено укинување на оваа шема, имајќи ги предвид ризиците кои ги носи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе