Меѓу напаѓачите и македонски државјанин

Црногорски мафијашки бос застрелан во Киев, убијците се потпалиле сосе автомобилот (ВИДЕО)

Државјанин на Црна Гора синоќа е застрелан во Киев. Радоје Звицер од Котор е еден од водачите на озлогласениот кавачки клан, врз кој вчера вечер беше извршен атентат, кој Звицер од чиста среќа го преживеал, но е тешко ранет.

Жртвата добила пет рани од куршуми и сега е во болница под полициска заштита. Напаѓачите се приведени во Одеса. Се појави и видео од вчерашното пукање во Киев.

Двајцата несудени атентатори пристигнале во автомобил „смарт“ и откако се обиделе да го убијат Звицер, го запалиле автомобилот. Огнот случајно зафатил и еден од напаѓачите, а познатиот новинар на Белингкет Христо Грозев искоментира дека ова личи на мошне непрофесионална операција.

Украинската полиција соопшти дека уапсила група луѓе за обид за убиство на Црногорец во главниот град, која се состои од српски, македонски и црногорски државјани.

„Жртвата со прострелни рани е однесена во болница“, соопшти украинската полиција и додаде дека претставници на Одделот за стратешки истражувања на Националната полиција веднаш ги идентификувале лицата вклучени во атентатот. „Тоа се граѓани на Црна Гора, Македонија и Србија. По еден од нив има меѓународна потерница за нарачано убиство“.

„По утврдувањето на идентитетот на жртвата, мотивите за извршување на ова кривично дело веднаш станаа јасни. Жртвата е државјанин на Црна Гора, кој се бара на меѓународно ниво и е еден од водачите и организатор на наркокартел чии членови снабдуваат дрога во повеќето европски земји“, соопшти полицијата.

„Главните мотиви на атентатот се криминалните активности на жртвата, можното прераспределување на сферите на влијание во самата организација, како и меѓу балканските криминални кланови што ја контролираат трговијата со дрога“, рече началникот на Националната полиција, Ихор Клименко.

Звицер во јавноста е познат како опасно момче од Црна Гора, на кого и сопругата се обидоа да му ја убијат, а пред две години најслучајно избегна апсење во големата полициска операција на Косово. Тогаш ден пред апсењето тој избегал од Приштина.

Звицер престојувал во Приштина некое време, од каде што користејќи лажни документи патувал во Истанбул, Виена и Цирих, и иако полицијата се надеваше дека и тој ќе биде уапсен во акцијата што ја подготвуваа десетина дена, Звицер непосредно пред апсењето успеал да го напушти местото што повремено го користел.

Звицер престојувал во Босна и Херцеговина, но под лажно име. Во тоа време полицијата имала информации дека тој користел лажни документи на име Јосип Бабиќ.

Бидејќи Бабиќ одговарал на неговиот опис и возраст, которчанецот тоа го искористил и преку своите „канали“ во БиХ го извадил пасошот.

Како што се наведува, на Јутјуб неодамна беше објавено видео „кавачкиот клан“, во кое се споменува неговиот лажен идентитет, а во описот на тоа видео се наведува дека бил близок со водечките луѓе во полицијата и другите разузнавачки агенции на Црна Гора.

Звицер изврши разни кривични дела, почнувајќи од меѓународен шверц на кокаин, па сè до нарачување и финансирање на десетици убиства во Црна Гора и регионот.

Црногорската полиција веќе една година го бара Звицер со цел да го сослуша во неколку истраги за убиства што се случија во војната меѓу которските кланови, но тој не е официјално осомничен за ниту едно од тие злосторства.

Неговата сопруга, Тамара Звицер, се обидоа да ја ликвидираат во 2016 година.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе