Откриени 16,5 тони дрога

Црногорец уапсен во историска заплена на кокаин во САД (ВИДЕО)

Иван Ѓурашевиќ од Будва беше уапсен во една од најголемите заплени на кокаин во историјата на Соединетите Американски Држави, во која во пристаништето на Филаделфија американските власти на товарниот брод МСЦ Гајан открија 16,5 тони (15 метрички тони) од оваа дрога.

Поднесени се федерални обвиненија против двајца морнари кои признале дека помогнале да се натовари кокаинот додека бродот бил на море. Асошиејтед прес се повикува на судски документи во кои пишува дека се обвинети Иван Ѓурашевиќ и Фонофаве Тијасаге.

Федералните агенти утврдиле дека тие го натовариле кокаинот од 14 чамци со дрога кои во два наврати пришле до товарниот брод.

Американските федерални власти го заплениле кокаинот чија улична вредност е проценета на над милијарда долари, објави претходно на Твитер канцеларијата на јавниот обвинител за Источниот округ на Пенсилванија.

„Ова е најголема заплена на дрога во историјата на Источниот округ на Пенсилванија. Членовите на екипажот на бродот се уапсени и се соочени со федерално обвинение, а истрагата е во тек“, пишува во твитот.

Ен-би-си њуз претходно, повикувајќи се на извори од локалната полиција, јави дека уличната вредност на запленетата дрога е 750 милиони долари.

Телевизијата наведе дека дрогата, сместена во седум бродски контејнери, била откриена доцна синоќа.

Истражителите веруваат дека кокаинот бил натоварен на товарниот брод МСЦ Гајан на Бахамите или откако го напуштил пристаништето на тие острови.

Се наведува дека бродот во САД стигнал од Чиле, преку Панама и Бахамите.

Кокаинот е најчесто конзумираната нелегална дрога во САД, наведуваат федералните власти.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе