Црногорец, член на криминална група од Бар, убиен насред улица во Шпанија (ВИДЕО)

Денеска во шпанскиот град Марбеља е убиен Милош Перуничиќ (41), Црногорец од Бар, близок до Алан Кожар, кој ѝ припаѓа на барската криминална група, пренесе српски Блиц.

Тој претходно ѝ беше познат на полицијата поради трговија со дрога, а минатата година беше пуштен од затвор, каде што помина една година.

Перуничиќ бил убиен околу 14 часот, среде улица во Марбеља. Шпанските медиуми објавија снимка на која се гледа безживотното тело среде пешачки премин додека полицијата стои до него.

Шпанските медиуми пишуваат дека маж облечен во морнарско одело му се приближил на Перуничиќ додека овој шетал по улица и испукал неколку куршуми кон него. Неколку сведоци го виделе злосторството.

Сцената на злосторството се наоѓа на околу 100 метри од куќата на Перуничиќ, во која живеел. Напаѓачот му пришол додека овој стоел со торба од продавница и од автоматско оружје испукал десетина истрели кон него. Потоа избегал од местото на несреќата со мотор.

Сепак, наскоро бил уапсен. Шпанската полиција денеска соопшти дека напаѓачот е фатен.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе