Авионите Боинг 737 Макс се приземјени насекаде

Црните кутии од падот на авионот на Етиопијан Ерлајнс се испратени во Париз

Двете црни кутии од авионот Боинг 737 Макс, кој се урна во Етиопија, се однесени во Париз за истрага, изјавија од Етиопијан Ерлајнс, додека регулаторите од целиот свет чекаат известување дали е безбедно да се продолжат летовите со тие авиони.

Следејќи ги другите глобални регулатори за воздухопловство исплашени од втората несреќа на 737 Макс за помалку од пет месеци, американската Федералната агенција за воздухопловство (ФАА) во средата издаде наредба авионите да бидат приземјени.

Во четвртокот наутро во Адис Абеба, роднините на 157-те жртви од неделната авионска несреќа со автобуси пристигнаа до местото на несреќата во полето кое се наоѓа на 60 километри надвор од главниот град Етиопија.

„Видовме каде умре и ја допре земјата“, изјави Султан Ал-Мутаири, кој дојде од Ријад за да го оплакува својот брат Сад, кој исчезна во несреќата.

Експертите велат дека неколку недели или месеци ќе бидат потребни да се идентификуваат жртвите, со оглед дека нивните остатоци се расфрлани, изгорени и во фрагменти поради ударот од падот и пожарот.

Обете несреќи и несреќата на Етиопијан ерлајнс и несреќата на Лајон ер во Индонезија се случија кратко по полетувањето.

Новите информации од остатоците во Етиопија и новите податоци за патеката на летот на авионот укажуваат на некои сличности меѓу двете катастрофи „што бара понатамошна истрага за можноста за заедничка причина“, се вели во соопштението на ФАА.

Етиопската делегација предводена од бирото за истраги на несреќи ги однесоа црните кутии од авионската несреќа за истрага од Адис Абеба во Париз, објавија денес Етиопијан Ерлајнс.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе