Црнец во САД умре откако полицаец му клечел на вратот (ВИДЕО)

Четворица полицајци од Минесота се отпуштени по смртта на Афроамериканец кого еден од нив, според видеоснимката, го згмечил за вратот, пренесува Би-би-си.

EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Шефот на полицијата во Минеаполис Медарија Арадондо кажа дека четворицата полицајци сега се „поранешни вработени“.

На снимката се гледа мажот, Џорџ Флојд, како стенка и на белиот полицаец му повторува дека не може да дише.

Видеото е со вознемирувачка содржина:

Инцидентот потсетува на оној кога Ерик Гарнер, исто така Афроамериканец, умре по апсењето во Њујорк во 2014 година.

ФБИ соопшти дека ќе го истражи случајот од Минеаполис, кој се случил во понеделникот вечерта.

Полицијата од Минесота кажа дека 46-годишниот Флојд, кој работел како обезбедувач во ресторан, умрел по „здравствен инцидент“ во „полициска интеракција“.

Во вторникот вечерта градоначалникот Џејкоб Фреј потврди дека се отпуштени четворицата полицајци кои биле вклучени во инцидентот.

„Тоа беше правилна одлука“, напиша тој на Твитер.

„Верувам на она што го видов, а она што го видов е погрешно на секое ниво“, кажа тој. „Да се биде црнец во Америка не би требало да биде смртна казна“.

Ова е последното во низата обвинувања на сметка на бруталноста на американската полиција против Афроамериканците.

Во вторникот вечерта, пред полициската станица во Минеаполис, полицајците мораа да користат солзавец за да растераат масовен протест поради смртта на Флојд.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе