Неофицијално, за Вијести е потврдено дека одлуката е донесена на денешната седница на Советот на АЕМ. Се очекува официјално соопштение.
На телевизијата Хепи, која има национална фреквенција во Србија, лидерот на Српската радикална партија Војислав Шешељ е редовен гостин и на почетокот на годината ги навредуваше припадниците на црногорскиот народ.
Поради навредите забрана за емитување на таа телевизија побараа бројни политички партии и невладиниот сектор во Црна Гора, а најавени се и тужби.