Усогласување со НАТО

Црна Гора го продава некогашниот арсенал на ЈНА – ракети, „зољи“, минофрлачи...

Црна Гора планира до 2020 година да продаде поголем дел од вооружувањето и опремата од магацините на копнената војска, морнарицата и воздухопловството.

Според податоците од долгорочниот план за развој на одбраната, до крајот на следната година ќе се продадат 400 парчиња противтенковски ракетни фрлачи од типот „зоља„, 581 рекета „маљутка“, 19 преносливи противвоздушни системи „стрела 2М“ како и 30 минофрлачи од 82 милиметри, пренесува РТЦГ.

За вишок се сметаат и три борбени возила М81, шест противтенковски топови, како и пет борбени транспортери.

Кога станува збор за оружјето и опремата кои ѝ се потребни на врногорската војска, во документите се наведува дека располага со 74 минофрлачи од 82 милиметри, од кои на војската ѝ се потребни 44 додека останатите се вишок. Поседуваат и 32 минофрлачи од 120 милиметри, 18 повеќецевни лансери на ракети како и 12 хаубици од 122 милиметри.

Копнените сили располагаат и со шест борбени оклопни возила М86, шест борбени оклопни возила М83, како и 226 лесни преносливи ракетни противвоздушни системи.

Министерството соопшти дека копнените сили се најбројниот род на војската, оспособени за изведување копнени операции за одбрана на државата и во рамки на колективната одбрана.

„Тежиштето и приоритетот на развојот на копнените сили ќе биде на четите од составот на пешадискиот батаљон, со елементи за поддршка. Со набавка на лесни оклопни возила за пешадијата со придружни средства и системи за вооружување ќе се унапредат мобилноста, заштитата, огнената моќ и интероперабилноста на четите за учество во целосниот спектар на НАТО операциите“, се истакнува во планот на црногорското министерство за одбрана.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе