Црна Гора го повика „на рапорт“ амбасадорот на Србија

Амбасадорот на Србија во Подгорица Зоран Бингулац бил повикан на разговор во министерството за надворешни работи на Црна Гора, јавува Танјуг.

Црногорското министерство соопшти дека го повикало „поради континуираните негативни изјави на српските државни и други функционери за внатрешните прашања на Црна Гора, кои кулминираа со изјавата на членот на владата на Србија, министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ“.

Црногорскиот државен секретар Зоран Јанковиќ ги оцени како „загрижувачки“ и „непримерни“ изјавите на српскиот министер Поповиќ, и кажа дека очекува официјален Белград да се „огради“ од тие изјави.

„Тешките квалификации изнесени на сметка на претседателот на Црна Гора се неприфатливи, не се на линијата на добрососедските односи и не придонесуваат на вкупната соработка на двете држави“, му кажа Јанковиќ на српскиот амбасадор.

Се додава дека Јанковиќ ја „оценил како непримерна интензивната и негативна кампања која неоправдано и без аргументи се води во Србија по повод нацрт законот за слобода на вероисповедта, или уверувањата за правната позиција на верските заедници на Црна Гора“.

Министерот во српската влада Ненад Поповиќ кажа дека претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ е „најголемиот криминалец во Европа“.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе