Црна Гора ги легализираше истополовите бракови

Пратениците на дел од владејачката коалиција во Црна Гора, поддржани од опозициските СДП и Демос, го усвоија законот за истополово партнерство, за чие усвојување беа потребни 41 глас од вкупно 81 пратеник во црногорскиот парламент.

EPA-EFE

Тој закон ни вчера, како ни пред една година, кога не беше усвоен, не го поддржаа четирите пратеници на малцинските партии, Хрватската граѓанска иницијатива, Бошњачката партија, и албанската Форс, која со Демократската партија на социјалистите и Социјалдемократите ја прават владејачката коалиција во Црна Гора. Против неговото усвојување беше и поголемиот дел од опозицијата.

Усвоениот закон предвидува истополови партнери да можат да склучуваат брак, да се наследуваат едни со други, да имаат заеднички имот, право на пензија и социјално осигурување, посети во болници, заедно да се грижат за деца, но и обврска да се грижат за детето на својот парнер доколку нема поблиско семејство. Законот не содржи конкретна одредба дека можат да посвојуваат деца, но дозволува заедничка грижа за децата на едниот/ата од партнерите/ките.

ЛГБТ организациите во Црна Гора усвојувањето на законот за животно партнерство на истополови лица го означија како голема победа, наведувајќи дека е направен историски чекор во борбата за човековите права на ЛГБТ лицата во Црна Гора.

„Ова е несогледливо придвижување напред за црногорското општество, на особено радост на целата наша заедница“, соопшти ЛГБТ форумот Прогрес, додека организацијата Квир Монтенегро ги поздрави сите пратеници кои го поддржаа законот порачувајќи им: „Историјата ќе ве памти“.

Усвојувањето на законот го поздравија и амбасадите на САД и Британија, кои веднаш по неговото изгласување на Твитер објавија дека ова е „историски ден за ЛГБТ заедницата во Црна Гора и многу важен чекор напред за еднаквоста и толеранцијата на сите“.

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ на Твитер напиша дека исвојувањето на законот за животно партнерство на лица од ист пол е потврда дека црногорското општество созрева и дека тоа е уште еден чекор на Црна Гора кон друштвото на најразвиените демократии во светот.

„Потврда дека како општество созреваме, ги прифаќаме и ги живееме различностите! Родени слободни и еднакви во достоинството и правата!“, наведе Ѓукановиќ.

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ ѝ се заблагодари на ЛГБТ заедницата на дијалогот и придонесот, оценувајќи дека „во европска Црна Гора нема и не треба да има место за дискриминација врз основа на сексуалното определување“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе