Блокирани улици

Црна Гора го донесе Законот за слобода на религијата, немири во собранието (ВИДЕО)

Црногорските пратеници го усвоија законот за слобода на религијата, кој предвидува државата да стане сопственик на сите верски објекти што биле изградени до декември 1918 година - освен ако верските заедници не ја докажат сопственоста.

45 пратеници од вкупно 81 во црногорското собрание гласаа за законот.

Дел од опозицијата и претставниците на Српската православна црква го сметаат законот за неуставен и бараа да се повлече од процедура.

Пред гласањето се случи инцидент. Пратениците на опозицискиот демократски фронт (ДФ) се обидоа да го спречат усвојувањето на законот, се залетаа кон членовите на владејачката коалиција, ги гаѓаа со шишиња и чаши и ги корнеа микрофоните, пренесе Бета. Дојде и до судири со полицијата, па пратениците на оваа партија беа приведени.

На усвојувањето на законот му претходеа протести и блокади на патиштата во Подгорица, Никшиќ, Будва и другите градови во Црна Гора.

Големи полициски сили беа распоредени во центарот на Подгорица. Околу 20 лица се приведени од полицијата, од кои 13 се уапсени за кршење на Законот за јавен ред и мир, јави подгоричка Побједа.

 

Што се случи во собранието?

Пратениците на Демократски фронт поднесоа 270 амандмани, кои Законодавниот дом и Комисијата за човекови и малцински права ги одбија.

Андрија Мандиќ, лидер на опозицискиот Демократски фронт, побара повлекување на законот и рече дека „ова е најопасниот закон, директно вперен против нашата црква и сите верници“.

За да го спречат гласањето, тие потоа почнаа да ги гаѓаат членовите на владејачката коалиција и искршија дел од техниката на масата на претседателот на Собранието, Иван Брајовиќ.

Се слушна и експлозија во собраниската сала. На новинарите им било кажано дека станува збор за петарда, објави Вијести.

Премиерот Душко Марковиќ и министрите ја напуштија пленарната сала, полицијата ги однесе пратениците од Демократскиот фронт, а потоа беше донесен законот.

Брајовиќ им рече на пратениците во ДФ мерка за отстранување, што значи дека не можат да присуствуваат на парламентарните седници во наредните 15 дена, објави Вијести.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе