Грчкиот премиер

Ципрас стави вратоврска, а потоа ја извади, во симболичен гест за договорот за грчкиот долг (ФОТО)

Грчкиот премиер Алексис Ципрас го прослави склопувањето договор со министрите на еврозоната обраќајќи им се на функционерите од својот кабинет со вратоврска. Ова е првпат тој да носи вратоврска во јавноста.

„Малку ми е тешко, но ќе се навикнам“, рече грчкиот премиер.

Завршувајќи го својот триумфален говор, во кој наброи редица успеси за кои рече дека неговата влада ги постигнала од јануари 2015, Ципрас ја извади вратоврската.

Минатата година Ципрас стана првиот западен лидер што без вратоврска се појавил на официјален состанок со американскиот претседател во Белата куќа.

Како бивш лидер на комунистичката младина, Ципрас никогаш не носел вратоврска во својата политичка кариера. Вратоврската за него е поврзана со естаблишментот што тој толку многу го презирал.

„Тој беше млад левичарски лидер. Вратоврските не се вклопуваат во тој профил. И во одредена временска точка, таа стана политички став“, коментираше лани извор од владата.

Според гласините, Ципрас последен пат носел вратоврска додека служел во војската, во 2004 година.

Во 2015 година, непосредно пред да стане премиер, новинарите го прашаа Ципрас дали одговорностите на неговото ново работно место ќе го натераат да прифати поформална етика за облекување.

Ципрас, кој дотогаш носеше само секојдневни кошули и ролки, одговорил дека ќе стави вратоврска „само кога ќе се намали (грчкиот) долг“.

Во февруари 2015 година, само неколку дена откако левичарот дојде на власт со ветување дека ќе ги урне плановите за штедење на земјата, тогашниот премиер на Италија, Матео Ренци, му подари вратоврска.

Сепак, според фотографиите, вратоврската што му ја подари Ренци е со темна боја. Ципрас денеска носеше црвена вратоврска, идентична на онаа што му ја подари македонскиот премиер Зоран Заев на потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција минатиот викенд во Мала Преспа.

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе