САМИТОТ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ЦЕЛА НОЌ

Ципрас побарал четири измени во планот, многумина ѝ се гневни на Германија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, кого Твитер го повика да го напушти ЕУ-самитот поради невозможните барања на еврозоната, главно на Германија, не само што не заминува, туку и побарал четири промени во планот на Еврогрупата.

Промените се:

1. ММФ да нема никакво учество во новиот договор

2. Поцврст став за долгот

3. Да ѝ се сигнализира на Европската централна банка да ја продолжи итната помош за ликвидност (ЕЛА) за грчките банки

4. Целосно да се отфрли идејата за префрлање на грчкиот државен имот на европско тело, кое целосно би го контролирало.

Ципрас немал забелешки за предлогот за привремено излегување на Грција од еврозоната, зашто „воопшто не е загрижен за тоа“.

Новинарите присутни во Брисел известуваат и дека на Ципрас засега добро му оди во преговорите и дека дури успеал да ги тргне од маса и предлогот за откажување од грчкиот државен имот и тој за привремено излегување од еврозоната.

Во меѓувреме сè повеќе критики се упатуваат на адресата на Германија, а хаштагот @thisisacoup (Ова е пуч) на Твитер сè повеќе добива популарност. Ова укажува дека Германија и целата еврозона во голема мера ризикуваат да ја загубат играта на обвинувања, велат некои експерти.

Политичкиот капитал што Германија си го фрли во вода викендов е огромен и не е јасно како ќе биде надоместен, напиша Гардијан.

Во моментов учесниците на главниот самит прават пауза, а лидерите на Германија, Франција и Грција, Меркел, Оланд и Ципрас, заедно со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, се упатиле на посебен состанок.

Еве како изгледа кога некој „извор“ ќе се појави во прес-собата на самитот

Според нацрт-предлогот што произлегол утрово од состанокот на министрите за финансии на еврозоната, ако сака финансиска помош, Грција веднаш мора да ги преземе овие седум чекори:

1. Да изработи нацрт за измените на стапката на ДДВ

2. Да ја прошири даночната основа

3. Да постигне одржлив пензиски систем

4. Да усвои закон за граѓански парници

5. Да ја заштити правната независност на грчката ЕЛСТАТ - завод за статистика

6. Целосно спроведување на автоматски намалувања на трошоците

7. Да ја имплементира европската директива за банките, која пропишува како државите ќе се однесуваат кон загрозените финансиски институции.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе