Поради поразот од Неа демократиа

Ципрас свика предвремени избори во јуни

Грчкиот премиер Алексис Ципрас свика предвремени избори во јуни, велејќи дека не може да ги игнорира изборните резултати.

Од седиштето на Сириза грчкиот премиер рече дека „резултатот не е таков каков што очекувавме... јас нема да го игнорирам или да се откажам“, пренесе Екатимерини.

Мандатот на владата истекува во октомври и пред објавувањето на денешните резултати, владините претставници инсистираа дека изборите ќе се одржат на крајот од мандатот.

Ципрас вечерва рече дека ќе го посети грчкиот претседател за да побара предвремено распуштање на парламентот веднаш по вториот круг локални и регионални избори на 2 јуни.

Сириза, која е на власт од 2015, претрпе тежок пораз денеска на изборите за нови делегати во Европскиот парламент, заостанувајќи зад главната опозициска партија Неа демократиа за околу 9 проценти. 

Излезните анкети од изборите велат дека Сириза, исто така, ги загубила гласовите од младите, бидејќи мнозинството Грци на возраст меѓу 17 и 24 години гласале за Неа демократиа или за неонацистичката Златна зора.

Опозицискиот лидер Киријакос Мицотакис претходно го повика 44-годишниот премиер веднаш да поднесе оставка и да распише предвремени избори.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе