Според излезните анкети

Ципрас доживеа тешки загуби, младите Грци гласаа за Неа демократиа и за неонацистичката Златна зора

Ќе има ли предвремени избори по поразот на Сириза на евроизборите во Грција? Тоа е прашањето на кое Грците очекуваат одговор откако премиерот Алексис Ципрас рече дека се можни предвремени избори ако неговата левичарска партија биде поразена на европските избори.

Додека Сириза заостанува зад централнодесната Неа демократиа за 8,5 отсто (и многу веројатно 9 отсто откако ќе бидат објавени официјалните резултати), опозицискиот лидер Киријакос Мицотакис го повика 44-годишниот премиер веднаш да поднесе оставка и да распише предвремени избори.

Пред гласањето Ципрас ги нарече изборите гласање за доверба кон неговата влада и вети дека ќе го надомести долгогодишното штедење со помош од 1 милијарда евра.

„Очигледно е дека грчкиот народ ја повлече својата доверба во оваа влада“, рече Мицотакис во обраќањето последниов час. „Премиерот мора да ја преземе одговорноста. Тој мора да поднесе оставка и земјата што е можно побрзо треба да одржи парламентарни избори“.

Излезните анкети од изборите велат дека Сириза, исто така, ги загубила гласовите од младите, бидејќи мнозинството Грци на возраст меѓу 17 и 24 години гласале за Неа демократиа или за неонацистичката Златна зора.

Државната телевизија исто така објави дека излезните анкети сигнализираат дека централнодесничарската НД е на пат да победи со 30,5 до 33,5 отсто од гласовите, во споредба со 25,5 до 28,5 отсто за Сириза.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе