Скандалот се шири

Ципрас бара истрага и кривична тужба против Новартис

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави вчера дека сака парламентарна истрага за наводната вмешаност во големиот корупциски скандал со двата поранешни премиери и осум министри.

Се истражуваат тврдењата дека швајцарската фармацевтска компанија Новартис поткупувала високи грчки функционери за да ги зголеми продажбата и цените на своите производи во државните болници.

Иако истрагата е во тек, Ципрас изјави дека тие тврдења се показател за „моралната декаденција“ која придонесе на грчката должничка криза.

Според грчкиот закон, сите тврдења поврзани со политичарите мора да бидат истражени во собранието пред пратениците да одобрат кривично гонење.

Меѓу функционерите поврзани со скандалот се гувернерот на централната банка Јанис Стурнарас, европскиот комесар за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос, од времето кога беше министер за здравство, потоа поранешниот премиер на Грција Андонис Самарас и некогашниот технички премиер Панајотос Пикраментос. Сите ги отфрлија обвинувањата.

Компанијата Новартис соопшти дека соработува со грчките власти.

Корупцијата ја оштетила грчката драва за околу три милијарди евра, јавува Франс прес.

Поради тврдењата за тоа од 2016 година се сослушани десетици луѓе, а случајот повторно стигна во фокусот на грчката јавност за време на дочекот на новата 2017 година, кога еден од директорите на Новартис имаше обид за самоубиство.

Новартис во САД на крајот на 2016 година беше казнет со 390 милиони долари а во март 2017 плати казна од 25 милиони долари во рамки на корупциска афера во која беше вмешана неговата кинеска филијала.

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе