„Масовно и ужасно“ уништување, над 160 мртви

Циклон уништи речиси цел град во Мозамбик па продолжи во Зимбабве (ФОТО+ВИДЕО)

Циклонот што ги погоди Мозамбик и Зимбабве ги однесе животите на најмалку 162 лица, а голем број се водат за исчезнати. Циклонот Идаи предизвика „масовно и ужасно“ уништување во градот Беира во Мозамбик, објавија властите и Црвениот крст.

Циклонот Идаи во четврток вечер удри во центарот на Мозамбик, пред да продолжи кон соседно Зимбабве, предизвикувајќи поплави и жестоки ветрови, кои корнеа патишта и куќи.

„Степенот на штетата предизвикана од циклонот Идаи што го погоди градот Беира во Мозамбик е огромен и ужасен“, се вели во соопштението на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина (ИФРЦ).

Се вели 90 отсто од градот од околу 530.000 луѓе и околните региони се „оштетени или уништени“.

„Ситуацијата е ужасна. Степенот на уништување е огромен“, АФП ја цитираше изјавата на Џејми Лесур од ИФРЦ.

„Речиси сè е уништено. Комуникациските линии се целосно прекинати и патиштата се уништени. Некои погодени заедници не се достапни“, рече тој.

Голема брана пукна во неделата и го прекина последниот пат кон Беира, рече тој.

Бројот на жртвите во Мозамбик е 73, од кои 55 се во Беира, и 89 во Зимбабве.

Најмалку 150 лица се водат за исчезнати во Зимбабве, за многумина од нив се верува дека се владини работници чиј станбен комплекс бил зафатен од поплави.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе