НАСКОРО ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ ЗАПЛЕНЕТИТЕ ДОКУМЕНТИ

ЦИА: Порнографијата од скривалиштето на Бин Ладен нема да излезе во јавност

„Постои порнографска содржина, овој материјал подлежи на авторски права. Сѐ освен ова ќе биде објавено во следните неколку недели".

Директорот на ЦИА Мајк Помпео рече дека документите запленети во 2011 година, кога беше убиен Осама бин Ладен, ќе бидат објавени „за некоја недела“, со исклучок на порнографскиот материјал што бил сопственост на лидерот на Ал Каеда.

Во интервјуто по повод одбележувањето на годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година, Помпео рече: „Постои порнографска содржина, овој материјал подлежи на авторски права. Сѐ освен ова ќе биде објавено во следните неколку недели“.

Во акцијата на американските специјални сили во пакистанскиот град Аботабад запленети се мноштво документи, вклучувајќи семејни писма, списи од исламската историја, забелешки за операциите на групите...

Порнографијата е пронајдена во компјутерски датотеки и материјали запленети по акцијата „Морнаричка фока“. Официјалните лица тогаш наведоа дека не се знае на кого му припаѓа и дека е невозможно да се утврди дали Бин Ладен го гледал овој материјал.

Американските специјални сили на 2 мај 2011 година по полноќ го убија Осама бин Ладен во неговата скривница во Аботабад, каде што се скрил во спалната соба, иако војниците сметале дека отишол по оружје.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе