Претседателот на Европската комисија

„Чувајте ја Европа. И борете се со глупавиот и тесноград национализам. Да живее Европа!“ (ВИДЕО)

Жан Клод-Јункер, кому му завршува петгодишниот мандат како претседател на Европската комисија, денеска говореше во Европскиот парламент во Стразбур.

Во своето 105-то обраќање до парламентот тој рече дека брегзитот бил „губење време и губење енергија“ и дека Брисел внимателно ќе го следи Вестминстер додека гласа за договорот за повлекување.

„На многу од овие 105 дебати, морав со вас да дискутирам за заминувањето на Велика Британија од Европската Унија. За волја на вистината, ми беше болно да трошам толку многу време од овој мандат за справување со брегзитот, кога мислев само на тоа како оваа Унија би можела да биде подобра за своите граѓани - губење време и трошење енергија.“

Тој рече: „Секогаш ќе жалам за одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата. Но барем можеме да се погледнеме во очи и да кажеме дека сторивме сè што е во наша моќ за да се осигуриме дека ова заминување се врши како што треба“.

Јункер рече дека ЕУ нема да го ратификува договорот за брегзитот без тој претходно да биде ратификуван од парламентот на Велика Британија.

„...Но не е можно, не е замисливо дека овој парламент би го ратификувал договорот пред Вестминстер да го ратификува договорот - прво Лондон, потоа Брисел и Стразбур“.

Говорот, кој се очекува да е негов последен во Европскиот парламент во рамките на неговиот мандат, Јункер го заврши со зборовите: „Чувајте ја Европа. И борете се со глупавиот и тесноград национализам. Да живее Европа!“

 

 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе