Човекот што стана икона во хаосот околу брегзитот поднесува оставка (ВИДЕО)

Џон Беркоу најави дека ќе даде оставка на позицијата претседател на Долниот дом на британскиот парлмент или за време на следните избори или на 31 октомври, што ќе дојде побрзо, јавува Би-би-си.

Беркоу стана икона во хаосот околу брегзитот по своето препознатливо водење на седниците и воведувањето ред во парламентот.

Во својот говор истакна дека неговите 10 години во парламентот му претставувале најголема чест и привилегија.

Во случај да дојде до предвремени избори, кажа дека 31 октомври е најдемократскиот датум за повлекување.

Ја напушта функцијата по десет години

Позицијата претседател на Долниот дом на британскиот парламент ја презема од покојниот Мајкл Мартин во 2009 година.

Заговорниците на брегзитот остро го критикуваа поради Европската Унија, а дочекан беше на нож и поради тоа што не направи повеќе околу наводното малтретирање во Долниот дом.

Освен тоа, обвинет беше за малтретирање во сопствениот кабинет, но тој тие тврдења ги демантираше.

Заминувањето го најави пред суспензијата на парламентот

Денес е последниот ден од заседавањето на бртанскиот парламент пред петте недели суспензија.

По поладневната пауза, во 16:30 по средноевропско време на пратениците им се обрати Џон Беркоу, односно спикерот на Долниот дом на парламентот.

Тој објави дека поднесува оставка на својата функција, а неговата сопруга беше присутна во галеријата.

Тој кажа дека нема да се кандидира на следните избори ако парламентот денес гласа за предвремени избори, што го бара премиерот Борис Џонсон.

Тој кажа и дека, ако не се одлучат за распишување избори, неговата оставка ќе стапи на сила на 31 октомври, на денот на брегзитот.

Тој објасни дека, ако не се распишат нови избори, ќе остане на функцијата до 31 октомври истакнувајќи дека во неделата до брегзитот ќе биде „живописно“ во парламентот и дека на парламентот ќе му биде потребен искусен претседател за да го води.

„Не планирам да се извинувам никому“

Беркоу помогна да се прилагоди парламентарната процедура за пратениците кои се против брегзитот да спречат излегување од ЕУ на 31 октомври без договор.

Беше изложен на жестоки критики на заговорниците на брегзитот кои го обвинуваа дека е пристрасен околу излегувањето од Унијата. Сепак, го фалеа и пратеници од Џонсоновата партија.

Во емотивниот говор пред пратенците Беркоу кажа дека е горд што ги бранел интересите на претставниците на народот.

„Во својот мандат се обидував да го зајакнам авторитетот на овој дом и затоа не планирам да се извинувам апсолутно на никого, никаде и никогаш“, истакна тој.

Откако пред полниот парламент објави дека поднесува оставка, пратениците му изразија почит зборувајќи за неговите мандати, особено овој последниот одбележан со брегзитот. Сѐ траеше час и пол, по што продолжи расправата.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе