„Човекот што го загади небото“: Астрономите се бесни поради сателитите на Маск, им го попречуваат погледот

Главниот извршен директор на Спејсекс, Илон Маск се обидува да го израдува светот со својот проект Старлинк кој обезбедува сателитски пристап до Интернет. Досега, тој успеа само да ги вознемири астрономите ширум светот со заслепување на нивните телескопи, пишува РТ.

Милијардерот кој исто така се постави како филантроп и иноватор неодамна си постави цел да донесе брз интернет до најоддалечените агли на земјата со мрежа од илјадници мали сателити што планира да ги постави во ниската земјина орбита. Амбициозниот план вклучува испраќање неверојатни 12.000 уреди во вселената за формирање на сателитска констелација како дел од проектот Старлинк.

Сепак, тоа не е конечниот број, бидејќи Спејсекс започна со преговори со Меѓународната унија за телекомуникации (ИТУ), наводно, бара дозвола да испрати уште 30.000 Старлинк сателити, со што нивниот конечен број би изнесувал 42.000. Тоа е приближно 20 пати повеќе од бројот на оперативните сателити кои моментално се во орбитата.

Практичните придобивки од проектот сè уште не се видливи бидејќи Маск досега успеа да испрати околу 120 Старлинк сателити во вселената - мал број во споредба со неговите амбициозни планови. Како и да е, доволно да ги вознемири астрономите ширум светот кои сега тврдат дека милијардерот се заканува на постоењето на самата астрономија.

Еден ден откако првиот пакет од 60 сателити Старлинк полетаа во орбитата на 23 мај, астрономите реагираа, предупредувајќи дека тие би можеле да им пречат на земјените опсерватории бидејќи ќе ги заслепат телескопите со својата светлина.

Шест месеци подоцна, кога втората серија на Старлинк сателити се пуштени во орбитата, научниците сфатија дека нивните најлоши стравови се остварени. Во понеделникот, Клара Мартинез-Васкез, астроном во Серо Тололо интер-американската опсерваторија (СТИО) во Чиле ги предупреди колегите дека низа од 19 Старлинк сателити имале „огромно влијание“ врз работата на нејзината многу чувствителна камера на темна енергија (DECam), со задача да им помогне на луѓето да ја откријат мистериозната природа на „темната енергија“.

Околу пет минути овој инструмент бил сведен на бескорисност - сето тоа благодарение на проектот на Маск, иако се уште е во многу рана фаза.

Веста веднаш предизвика бес кај колегите астрономи, кои се обратија на Твитер да ја искажат својата фрустрација. Некои од нив велат дека отсега нивната работа ќе вклучува дополнителна обработка на податоците за да се отстранат патеките на сателитите, додека други предупредуваат дека ваквите инциденти ќе се претворат во „секојдневие“, како што Маск продолжува со својот план.

Најфрустрираните брзо го обележаа милијардерот како „човекот што го загади небото“, додавајќи дека тоа ќе биде неговото „трајно наследство за животната средина“.

Спејсекс вети дека ќе ги обои сателитите црни за да бидат помалку рефлективни, иако очигледно тоа не го сторил со серијата што ја испрати во вселената на 11 ноември. Покрај тоа, некои научници се скептични за ваквиот план велејќи дека многу телескопи би можеле да ги „видат“ уредите дури и по преземањето на таквата мерка. Освен тоа, боењето не би влијаело на радио брановите на сателитите, кои исто така ќе ги попречуваат телескопите.

Наводно, Маск не можел да се заморува со ваквиот факт. Соочен од астрономите, тој едноставно предложил да се преместат „телескопите во орбитата“, предизвикувајќи нов бран негодувања.

Некои го нарекоа аматер, додека други дури го споредија со француската кралица Мари Антоанета, која, наводно, неславно рекла дека селаните треба едноставно да „јадат торта“ откако дознала дека немаат леб, кратко време пред монархијата да биде соборена за време на Француската револуција.

Сепак, Маск е малку веројатно дека ќе доживее судбина слична на онаа на Мари Антоанета, бидејќи, според правните експерти, законот во основа е на негова страна. Или, поточно, нема одредби што можат да го спречат Спејсекс да го развива својот проект едноставно затоа што ја загрозува постојната и идната астрономска инфраструктура, пишува РТ.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе