Човек платил 28 милиони долари за лет во вселената со Безос

Место во ракетата со милијардерот Џеф Безос е продадено на аукција во саботата за 28 милиони американски долари, со што заврши едномесечното наддавање за патување во вселената со Блу ориџин следниот месец.

Фото: ЕПА

Идентитетот на лицето кое ја платило сумата не е објавен.

Наддавањето заврши седум минути по почетокот на аукцијата, што се одржа по телефон.

Ракетата Њу Шепард ќе биде лансирана на 20 јули во Тексас.

Тоа ќе биде пресвртница во напорите на американските компании да започнат нова ера на приватни комерцијални патувања во вселената.

Основачот и директор на Блу ориџин и директор на Амазон, Џеф Безос најбогатиот човек на светот и долгогодишен вљубеник во вселената, се натпреварува со милијардерите Ричард Бренсон и Илон Маск прв да отпатува во вселената.

„Да гледаш на Земјата од вселената те менува. Го променува вашиот однос со оваа планета, со човештвото“, рече Безос во видео порака пред аукцијата, додавајќи дека на патувањето ќе го придружува брат му Марк.

Парите собрани преку аукцијата се наменети за добротворни цели, но Блу ориџин се надева дека ќе им даде замав на неговите планови за развој на тој вид туризам што до 2030 година според проценките на УБС може да носи 3 милијарди долари годишно.

Но, Брансон, основач на компанијата Вирџин галактик холдингс, може да се обиде да го украде моментот на слава на Безос и да се приклучи на евентуалниот пробен лет до работ на вселената за викендот на 4 јули со вселенското летало на Вирџин ВСС Јунити, според упатени извори.

Блу ориџин и Вирџин галактик, како и Спејсекс на Маск, исто така, размислуваат за користење на свои ракети за поврзување на далечни градови низ целиот свет. Тој пазар може да вреди повеќе од 20 милијарди долари, според УБС.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе