Човек „осуден на смрт поради атеизам“ во Саудиска Арабија, членка на комисијата за човекови права на ОН

Неколку локални медиуми објавија дека маж во Саудиска Арабија е осуден на смрт поради атеизам, пренесува Индипендент.

Ахмад ал Шамри, 20-годишен маж, ѝ бил познат на полицијата од 2014 година кога на интернет наводно објавил снимки во кои се „откажува од исламот и пророкот Мухамед“.

Тој бил уапсен и обвинет за атеизам и богохулење и затворен до февруари 2015, кога бил осуден на смрт. Одбраната потврди дека бил непресметлив и под влијание на дрога и алкохол кога ги објавил снимките.

Не му била одобрена жалбата на апелацискиот суд а врховниот суд ја потврдил смртната казна. Саудиските власти сѐ уште на го потврдиле неговиот идентитет ни одредената казна.

Строгите саудиски верски закони го казнуваат откажувањето од исламот со строги затворски и физички казни. Кралот Абдула во 2014 година изјави дека атеистите се терористи, истакнува извештај на групата Хјуман рајтс воч.

Минатата година еден Саудиец беше осуден на 10 години затвор и 2.000 удари со камшик бидејќи „изразил атеистички ставови“ во стотици објави на социјалните мрежи.

На арапскиот Твитер во последните неколку дена дел од корисниците го славата осудувањето на Шамри.

„Ако сте притаен атеист, тоа е во ред. Но чим во јавност прозборите и го критикувате Бог или религијата, ќе бидете казнети“, пишува во еден пост.

„Кога би можел барем да бидам таму и во живо да пренесувам кога ќе му ја сечете главата“, пишува во друг коментар.

Саудиска Арабија во последно време е под лупата на меѓународната јавност бидејќи нејзиниот амбасадор е претседател на Комисијата за човекови права на ОН (УНХРЦ).

Покрај членството во УНХРЦ, Саудиска Арабија во неделата стана членка и на Комисијата на ОН за статусот на жените (ЦСВ).

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе