Човек носел змија како заштитна маска во автобус во Англија (ВИДЕО)

Маж од Англија во понеделникот се качил во автобус носејќи змија како заштитна маска, објави Би-би-си.

Патникот и неговата рептилска маска, која била обвиена околу неговиот врат и уста, биле видени во автобус од гратчето Свинтон кон Манчестер.

Една патничка изјавила дека ѝ се причинило дека мажот носи некоја „чудна маска“, сè додека не забележала дека „маската“ ползи над држачите.

Наскоро се огласија и властите во Манчестер, кои потврдија дека змиите не се адекватен начин за покривање на лицето, вели Би-би-си.

Жената-сведок на чудниот настан, која побарала да остане анонимна, вели дека инцидентот бил „многу смешен“, нагласувајќи дека животното не вознемирило никого од патниците.

„На никого око не му трепна“, рече таа.

Заштитните маски во британскиот јавен превоз се задолжителни за сите освен за децата под 11-годишна возраст и за оние што не смеат да ги носат од здравствени причини или попреченост.

„Владините упатства јасно укажуваат дека тоа не мора да е хируршка маска и дека патниците можат сами да си направат маска или да носат нешто соодветно, како што е шал или марама“, соопштија градските власти.

„Иако може да има мали варијации во толкувањето на ова правило, не веруваме дека тоа опфаќа употреба на змиска кожа, особено не додека таа сè уште е прикачена на змијата“, пишува Би-би-си.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе