Се обврзаа на намалување на емисиите

Членките на ЕУ одобрија историски климатски закон – сите освен Бугарија

Министрите од 27-те земји-членки на ЕУ во понеделникот официјално го одобрија договорот, освен Бугарија, која беше воздржана.

Фото: ЕПА

Земјите-членки на ЕУ во понеделникот го дадоа конечното одобрување на законот со кој целната цифра за емисиите на стакленички гасови во блокот ќе биде законски обврзувачка, додека креаторите на политиките на ЕУ се подготвуваат за огромен нов политички пакет за борба против климатските промени.

Преговарачите од Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ во април постигнаа договор за климатски закон со кој целта е намалување на емисиите на стакленички гасови за 55 проценти до 2030 година, во споредба со нивото од 1990 година, а потоа и нивно елиминирање до 2050 година.

Министрите од 27-те земји-членки на ЕУ во понеделникот официјално го одобрија договорот, освен Бугарија, која беше воздржана.

„Конечниот компромис не ја одразува доволно нашата национална позиција“, рече портпаролот на бугарската влада, без дополнително објаснување.

Лидерите на ЕУ во декември се обврзаа на целна цифра за намалување на емисиите, чија цел е да го постави блокот на пат кон избегнување на најлошото сценарио за климатски промени. Оваа цифра се однесува на вкупната емисија на гасови во ЕУ, наместо на задолжителните барања за секоја земја.

Законот има цел да ја вметне борбата против климатските промени во срцето на политиката на ЕУ, осигурувајќи дека идната регулатива ги поддржува намалувањата на емисиите на стакленички гасови.

За тоа би биле потребни огромни политички реформи. Повеќето закони на ЕУ имаат цел да ја исполнат претходно поставената цифра за емисии на гасови за 40 отсто до 2030 година.

Европската комисија ќе ги почне овие промени на 14 јули, кога ќе предложи десетици нови политички иницијативи за преобликување на индустријата, енергетиката, транспортот и домувањето за емисии на помали количества ЦО2. Овие предлози ќе вклучуваат реформи на пазарот на јаглерод диоксид во ЕУ, построги стандарди за емисии на ЦО2 во новите автомобили и повисоки енергетски цели за обновлива енергија.

Климатскиот закон му наложува на Брисел и да оформи понезависно експертско тело заради препораки за климатската политика и механизам како што е буџетот за пресметување на вкупните емисии на гасови што ЕУ може да ги произведе во периодот 2030-2050 година, во рамките на климатските цели.

Европскиот парламент го одобри законот минатата недела. Парламентот и земјите-членки оваа недела ќе го потпишат текстот, во формален потег, пред тој да стане закон, пренесува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе