Читањето стрипови е „патетично“, рече рускиот министер за култура и предизвика гнев

„Патетично“ е возрасни луѓе да читаат стрипови, рече рускиот министер за култура, Владимир Медински, предизвикувајќи лути реакции кај љубителите на стрипови во Русија.

Мејнстрим стрип-културата почна да ја зафаќа Русија во почетокот на оваа деценија, по повеќегодишната стигма од советската ера, која ја постави „сериозната литература“ на пиедестал, на сметка на презрената масовна култура.

„Стриповите се за оние што не знаат добро да читаат“, рече Медински, пренесе новинската агенција Москва.

„Мислам дека е патетично возрасни луѓе да читаат стрипови“, им одговори тој на новинарите на прашањето дали историјата може да се раскаже преку илустрирани романи.

Говорејќи на московскиот саем на книгата минатата недела, Медински рече „Тоа е како гума за џвакање, тоа не е храна. Стриповите се наменети за деца што учат да читаат“.

Претходно Медински, како што пренесе Москва, ги нарече читателите на стрипови „дебили“. Иако новинската агенција оттогаш го поправи зборот, руските љубители на стрипови како одговор покренаа кампања на социјалните медиуми со ироничен хаштаг #ЈасСумДебил (#ядебил).

Руските продавници за стрипови исто така се навредија од коментарите на министерот за култура.

„Знам дека многу луѓе беа навистина навредени од овие зборови. Тие сметаат дека Медински директно ги навредува“, изјави за Иван Черњавски, кој е косопственик на продавницата за стрипови „Чак и Гик“ во Москва, за Би-би-си Русија. Продавницата напиша „Ние не сме идиоти“ на својата фејсбук-страница како одговор на Медински.

„Тоа е многу фантазмагорично“, рече Дмитриј Јаковлев, раководител на издавачката куќа на стрипови „Бумкнига“ во Санкт Петербург, кој води фестивал за илустрирани романи.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе