Палестинците за израелско-емиратската декларација

Чин на предавство, цинично искористување на палестинското прашање како покритие за предавство на Ерусалим и правата на палестинскиот народ

Палестинските политичари јавно ја осудија и отфрлија шокантната декларација на Израел и Обединетите Арапски Емирати, со посредство на САД, за целосна нормализација на односуте меѓу израелската окупаторска држава и Обединетите Арапски Емирати во замена за во најмала рака нејасното тврдење во врска со привремената суспензија на планот за анкесија на палестинската територија и проширување на таканаречениот израелски суверенитет врз неа.

EPA-EFE

Декларацијата доаѓа среде израелските активности за утврдување на окупацијата, анексија на палестинската територија и сквернавењето на светите места, вклучувајќи го и погодениот комплекс на Ал акса џамијата, соопшти палестинската дипломатија.

Палестинскиот политички врв го смета овој чин за разорен удар врз Арапската мировна иницијатива, резолуциите на Арапскиот и Исламскиот самит и меѓународното право. Тоа е и напад врз палестинскиот народ и предавство на неговото право на независна палестинска држава на границите од 4 јуни 1967 година, вклучувајќи ги источен Ерусалим и палестинските свети места.

Раководството на Палестина ги повика УАЕ веднаш да ја повлечат срамната декларација. Тие ја отфрлија и лажната таканаречена суспензија на израелската анексија во замена за нормализација со Емиратите и циничната употреба на палестинското прашање како покритие за својот чин. Во врска со ова, палестинското раководство ги предупреди своите арапски браќа да не подлегнуваат на американскиот притисок ниту да го следат примерот на ОАЕ во неповиканата и безпричинска нормализација на односите со Израел, окупаторската сила, на сметка на палестинските права, се наведува во соопштението.

Палестинскиот политички врв ја повика меѓународната заедница да го примени меѓународното право и резолуциите кои се основа за решавање на палестинско-израелскиот конфликт. Се потврдува и дека мир ќе биде постигнат само со целосно прекинување на израелската окупација над територијата на Палестина, која поради овој чин го повлече својот амбасадор од ОАЕ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе