Чиле покани делегација на Косово на собранието на Интерпол

Чиле, домаќинот на годинешното собрание на Интерпол кое почнува на 15 октомври, во последен час одобри учество на делегација на Косово на овој собир, јавува РТС.

Чилеанските власти ѝ одобриле учество на делегацијата на Приштина на Генералното собрание на Интерпол, кое од 15 до 18 октомври се доржува во престолнината Сантијаго.

Минатогодишниот обид на Приштина Косово да стане полноправен член на Интерпол беше неуспешен, бидејќи иницијативата не го доби потребното мнозинство гласови.

Претходно српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ истакна дека од минатото генерално собрание на Интерпол во Дубаи, на кое не беше прифатено барањето, не дошло до никакви промени, кои би влијаеле на промена на одлуката за прием на Косово.

Тој потсети и дека евентуален прием би довел до политизација на професионалната полициска организација, а дека една од далекусежните последици би било и распишување потерници врз основа на политички, а не полициски критериуми.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе